Русија им ја укина акредитацијата на шестмина британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа.
Како што соопшти Службата за државна безбедност (ФСБ), акредитацијата на дипломатите била одземена, бидејќи нивните активности ја загрозувале безбедноста на Русија.
„Врз основа на документите доставени од руската ФСБ, како одговор на бројните непријателски потези на Лондон, Министерството за надворешни работи на Русија ја укина акредитацијата на шестмина вработени во политичкиот оддел на британската амбасада во Москва, чии постапки открија знаци на разузнавање и субверзивна работа“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во СрбијаФСБ не ги откри имињата на британските дипломати. Руската државна телевизија цитираше функционер на ФСБ кој рекол дека тие ќе бидат протерани.
Разузнавачката служба предупреди дека во иднина „доколку се откријат слични дејствија меѓу вработените во британската дипломатска мисија, руската ФСБ ќе бара предвремено прекинување на нивните службени патувања во Русија“.
Потегот доаѓа два дена откако Соединетите Држави и Велика Британија ветија речиси 1,5 милијарди долари дополнителна помош за Украина, и додека украинските власти ги обновија своите молби да користат ракети испорачани од Запад против цели подлабоко во Русија.