Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска (12 септември) остварил средба со Милорад Додик, претседателот на Република Српска (РС), во манастирот Кармелит во Будимпешта.
На средбата се разговарало за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ) и како Унгарија, како претседавач со Советот на ЕУ, може да го подобри овој процес, информираше Берталан Хаваси, прес-службеник на премиерот.
Орбан на социјалната мрежа Х објави дека неговата средба со Додик била во знак на продлабочување на стабилноста на Европската Унија.
„Стабилноста на Западен Балкан е од суштинско значење за ЕУ. Наместо во предавања и санкции, ние веруваме во дијалог и соработка. Мојата средба со претседателот Милорад Додик денеска и послужи на таа цел“, напиша унгарскиот премиер на платформата Х.
Орбан е еден од главните сојузници на прорускиот претседател на босанските Срби и еден од ретките лидери на ЕУ кои се подготвени да се сретнат со него. Тие исто така преговараа најмалку три пати во 2023 година.
Милорад Додик во јануари оваа година го одликуваше Виктор Орбан со Орден за заслуги за Република Српска.
„Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја поддржува Република Српска. Ние сме му благодарни затоа што не прифаќа како вистински политички актер. Најдовме пријател како никогаш досега“, рече тој во јануари.
Тој рече и дека унгарскиот премиер ја поздравува наградата која лично ќе ја добие во февруари во Бања Лука.
Видете и ова: Шефот на ЦИА разговарал за сецесионизмот на Додик во СараевоСо орден за заслуги се наградени сите поранешни претседатели на Србија, како и поглаварот на Српската православна црква и пет лица осудени за воени злосторства пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг, вклучително и поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ и поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.
Орбан ја доби наградата од Милорад Додик во Бања Лука дури во април наместо во февруари. Ден претходно тој во Сараево се сретна со членовите на Советот на министри на Босна и Херцеговина и на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Унгарската влада стави вето на санкциите на ЕУ против Милорад Додик, кој веќе беше санкциониран од САД и Велика Британија поради обвинувања за корупција и закани за стабилноста и територијалниот интегритет на земјата.
Видете и ова: Додик му го врачи орденот на Република Српска на унгарскиот премиер ОрбанДосега Унгарија вети околу 45 милијарди форинти помош за босанските Срби, од кои земјоделците може да купат земјоделски машини и алати. Ова беше договорено уште во декември 2021 година, кога Додик го прими Орбан во приватна посета на Лакташи кај Бања Лука.
Република Српска веќе доби два заеми од унгарската државна Ексимбанк - во вкупен износ од околу 55 милијарди форинти за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на дел од долговите.