Еден ден на училиште со Лео и неговиот образовен асистент
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Седмоодделенецот Леонардо Ајваз има потешкотии во слухот и говорот. Годинава со задоцнување почна да ја добива помошта од неговиот образовен асистент, психологот Никола Дукоски. Него го ангажира Министерството за образование кое најавува системски промени за да се решат проблемите со ангажирањето на образовните асистенти. Радио Слободна Европа помина еден ден на училиште со Лео и Никола.