Денеска истекува рокот за пријавување на заинтересирани фирми за учество на вториот тендер за компресорската станица на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје што го распиша Министерството за здравство.
Три фирми првично пројавиле интерес за тендерот и ја посетиле локацијата. Минатата недела информацијата за МИА ја потврди Стојче Николовски, стручно лице за посета на терен, задолжено од комисијата и раководител на Секторот за техники работи во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар - Скопје.
„Три заинтересирани фирми ја посетија локацијата со цел да видат што ќе биде потребно да се набави и каде да го монтираат тоа“, појасни тогаш Николовски во изјава за МИА.
Видете и ова: Поништен тендерот за нови компресори за хируршките сали на КлиничкиДел од хируршките сали беа затворени на 18 мај, а некои од причините поради кои не работат салите се непријатниот мирис којшто се ширел низ вентилацискиот систем, како и проблемот со доводот на кислород. Оттогаш, дел од салите работат со надворешни компресори и се оперираат само итни пациенти. Дел се препраќаат во двете други болници во Скопје, ГОБ „8 септември“ и „Св.Наум Охридски“.
Беше распишан тендер за набавка на нова компресорска станица, кој пропадна бидејќи не пристигна ниту една понуда.