Американската потпретседателката Камала Харис, застана покрај поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џеј Ди Венс, на 11 септември во Њујорк, за да ја одбележат 23-годишнината од терористичкиот напад на 11 септември.
Харис која е демократски кандидат за претседател и Трамп, нејзиниот републикански ривал, се појавија заедно утрото по нивната спорна дебата во Филаделфија.
Двајцата кандидати се ракуваа непосредно пред да се постават за церемонијата на местото каде што киднапираните авиони ги урнаа кулите близначки на Светскиот трговски центар.
Видете и ова: Во САД се одбележува 21 година од терористичките нападиХарис требаше да го придружува претседателот Џо Бајден подоцна на 11 септември на летот за Шенксвил, Пенсилванија, за да го посети споменикот за жртвите кои загинаа во несреќата на друг киднапиран комерцијален авион, а потоа и споменикот во Пентагон, кој беше погоден од нападите.
На 11 септември 2001-та година речиси 3.000 луѓе беа убиени кога терористите киднапираа четири патнички авиони и ги урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и во Пенсилванија.
Тоа беше најсмртоносниот напад во историјата на американско тло и смени многу - од безбедноста на аеродромите и ширењето вести до заканата од тероризам и ситуацијата во Авганистан.
Деветнаесет милитанти поврзани со терористичката група Ал-Каеда киднапираа четири авиони кои беа користени во нападите на 11 септември.