Во белорусиот суд во градот Брест на 11 септември започна судскиот процес против седум мажи обвинети за „учество во масовни немири“ поради нивното учество во протестите во 2020 година кои настанаат по соопштувањето на официјалните резултати од претседателските избори на кои како побединик беше прогласен авторитарниот владетел Александар Лукашенко.
Седумина обвинети Сјархеј Филимонау, Ихар Варанович, Аљаксандр Штик, Улаџислау Пискунович, Витал Хира, Јаухен Мелничук и Дзмитри Посникау се соочуваат со по осум години затвор доколку бидат прогласени за виновни.
Видете и ова: Новинарот на РСЕ Ихар Лосик се наоѓа во затвор веќе четири годиниИлјадници се приведени поради протестите против изборните резултати, а организациите кои се занимаваат со заштита на човекови права документираа случаи на тортура и малтретирање од страна на безбедносните сили. За време на акцијата загинаа неколку луѓе.