Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека Пјонгјанг ќе го зголеми својот арсенал на нуклеарно оружје, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ким рече дека залихите на вакво оружје на Северна Кореја мора да расте експоненцијално.
Во говорот на годишнината од основањето на Северна Кореја во понеделник (9 септември), Ким рече дека земјата мора потемелно да ги подготви своите „нуклеарни капацитети и подготвеноста да ги користи правилно во секое време за да ги осигура безбедносните права на земјата“, пренесува агенцијата.
Видете и ова: Северна Кореја тестираше ракети со повеќе боеви главиКим ги обвини „непријателските“ сили дека планираат да ја нападнат Северна Кореја со нуклеарно оружје, без да ги прецизира имињата на тие земји и без да обезбеди никакви докази.
Северна Кореја е крајно изолирана, поради меѓународните санкции поврзани со програмата за оружје и нуклеарната програма на земјата.
Последната нуклеарна проба беше извршена во 2017 година.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија во изминатите две години, бидејќи Пјонгјанг го зголеми бројот на ракетни тестови што ги спроведе додека ја заострува својата реторика против САД и Јужна Кореја.
Пјонгјанг ја интензивираше и воената соработка со Русија.