Вкупно 65 лица се убиени и ранети во израелските воздушни напади врз населба со шатори во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија денеска официјални лица од Газа, додека израелската војска информира дека целта бил команден центар на Хамас. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација.
Лекарите и локалните жители велат дека шаторската населба се наоѓа во близина на градот Кан Јунис, во областа Ал-Маваси, која е означена како хуманитарна зона, со оглед на тоа што е преполна со раселени Палестинци.
Најмалку четири проектили паднале на подрачјето, при што биле запалени дваесет шатори и направиле кратери длабоки девет метри.
Видете и ова: Тројца Израелци загинаа во напад на граничениот премин меѓу Западниот Брег и ЈорданФункционери од Газа наведуваат дека загинале и ранети се 65 лица, но не се знае точно колку од нив загинале, а колку се ранети. Министерството за здравство сè уште собира податоци, додека новинската агенција на Хамас, Шехаб јави дека загинале 40 Палестинци.
Израелската армија соопшти дека нападнала терористи на Хамас кои формирале командно-контролен центар во хуманитарната зона.
„Терористите напредуваа и извршија терористички напади против нашите војници и државата Израел“, се вели во соопштението на израелската армија.
Хамас ги отфрли сите обвинувања за користење на цивилни области за воени цели.
Палестинските власти соопштија дека повеќе од 40 000 луѓе се убиени во Газа како резултат на израелските напади. Обединетите Нации велат дека мнозинството биле жени и деца.
Војната во Газа беше предизвикана од нападите на Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година. Во тој напад загинаа над 1200 луѓе, а повеќе од 240 беа земени како заложници.
Соединетите држави, Египет и Катар постојано се обидоа да посредуваат за прекин на огнот меѓу страните, но не беа успешни.