Европската унија (ЕУ) остро го осуди руското одржување на таканаречените „избори“ на украинска територија“, наведувајќи дека тие претставуваат уште еден чин на кршење на меѓународното право и дека не можат да произведат никакви правни ефекти.
Русија организираше регионални и локални избори од 6 до 8 септември во повеќе области, вклучувајќи го и украинскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година и нејзиниот најголем град Севастопол.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано изјави дека изборите „претставуваат уште еден чин на кршење на меѓународното право, Повелбата на ОН и суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина“.
Видете и ова: Шестмина убиени во руски воздушни напади во Украина„ЕУ не ги признава овие таканаречени „избори“ или нивните резултати на Крим. Тие се ништовни и не можат да произведат никакви правни ефекти. Раководството на Русија и одговорните за организирање на овие незаконски дејствија ќе бидат повикани на одговорност и ќе се соочат со последици“, рече Стано на 9 септември.
Во писмена изјава објавена на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стано наведе и дека ЕУ, и после повеќе од една деценија по руската инвазија и обидот за нелегална анексија на Крим, ја повторува својата позиција дека Крим е Украина.
Видете и ова: Германското разузнавање соопшти дека руска единица извршила сајбер напади врз НАТО и ЕУ„Повикувајќи се на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 27 март 2014 година, ја повикуваме Русија да престане со своите активности кои го поткопуваат националното единство и територијалниот интегритет на Украина“, рече Стано.
„Има еден јасен излез од оваа војна: Русија веднаш да стави крај на својата незаконска, неиспровоцирана и неоправдана агресија против Украина и да ги повлече сите сили и воена опрема од територијата на Украина, во нејзините меѓународно признати граници“, додаде Стано.