Тројца Израелци беа застрелани и убиени на 8 септември на граничниот премин меѓу Западниот Брег и Јордан, соопштија израелските власти.
Нападот е поврзан со 11-месечната војна во Газа.
Израелската војска соопшти дека напаѓачот со камион се приближил до преминот Аленби мост од јорданската страна.
Видете и ова: Ганц: Воениот фокус на Израел треба да се префрли кон ЛибанОткако се приближил отворил оган кон израелските безбедносни сили, кои го убиле во престрелката.
Израелската спасувачка служба Маген Дејвид Адом соопшти дека тројцата Израелци се мажи на возраст од 50 години.
Војската соопшти дека унените се цивили.