Поранешниот член на воениот кабинет Бени Ганц на 8 септември изјави дека Израел треба да го насочи својот фокус кон Хезболах и либанската граница, предупредувајќи дека земјата „доцни со ова“.
Израел и Хезболах поддржан од Иран разменуваат оган речиси секојдневено преку границите.
Видете и ова: Голем број убиени во израелски напади врз СиријаЛибанската милитантна група вели дека дејствува во тековната војна во Газа како поддршка на својот палестински сојузник Хамас - организација која САД и ЕУ ја назначија за терористичка.
„Имаме доволно сили да се справиме со Газа и треба да се концентрираме на она што се случува на север“, рече Ганц,
Тој говореше во Вашингтон на форумот на Блискиот Исток, каде исто така рече дека Иран и неговите застапници се „вистинскиот проблем“.