Во руските напади во текот на ноќта убиени се и ранети неколку украински цивили на различни локации, објавија украинските власти на 8 септември.
Извештаите дојдоа набргу откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина продолжува со „решенија од долг дострел“ чија цел е да ги спречи руските воздушни напади во Украина.
Видете и ова: Германското разузнавање соопшти дека руска единица извршила сајбер напади врз НАТО и ЕУВо видео објавено доцна на 8 септември, Зеленски рече дека во текот на минатата недела, руските сили ја нападнале Украина со „повеќе од 800 противтенковски проектили, речиси 300 беспилотни летала Шахед и повеќе од 60 балистички ракети“.
„Теророт може сигурно да се запре само на еден начин - со удари врз руските воени аеродроми, врз нивните бази и врз логистиката на рускиот тероризам“, рече тој.
Според воздухопловните сили на земјата, Русија во текот на ноќта на 8-ми и 9-ти септември нападнала со четири наведувани ракети истрелани од регионот на Белгород, како и со 23 беспилотни летала Шахед од иранско производство.