Оваа недела се очекува амбасадорите на Европската унија (ЕУ) да ги симнат од листата на санкции Никита Мазепин и Виолета Пригожина, велат извори на Радио Слободна Европа (РСЕ).
ЕУ ги замрзна средствата и воведе визна забрана за 2.300 луѓе и ентитети од почетокот на руската војна врз Украина во февруари 2022 година.
На секои шест месеци санкциите против овие лица мора да се продолжуваат со консензус на 27-те земји-членки.
Рокот за продолжување на санкциите е 15 септември.
Кога гласаше претходно за санкциите, Унгарија бараше некои луѓе да бидат отстранети од списокот за Будимпешта да ги одобри.
Видете и ова: Кремљ ги обвини САД за притисок врз руски медиумиЕстонија, Латвија, Литванија и Полска го повикаа блокот да усвојува санкции на годишна основа наместо на секои шест месеци, но Будимпешта се спротивстави.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата влада постојано се спротивставуваа на санкциите и го обвинија Брисел дека со овие мерки ѝ штети на економијата на Унгарија и другите земји-членки.
Унгарија во моментов претседава со ЕУ.
Дипломати од ЕУ за РСЕ изјавија дека е постигнат компромис за продолжување на санкциите против споменатите лица, освен за две лица.
Беше предложено Мазепин и Пригожина да бидат отстранети од списокот, бидејќи правната служба на ЕУ, која ги следи правните аспекти на политиката на санкции на Брисел, ги смета за „слаби случаи“.
Мазепин, поранешен возач на Формула 1 и син на рускиот олигарх Дмитриј Мазепин, го доби судскиот спор на почетокот на оваа година за укинување на санкциите против него.
Видете и ова: ЕК: Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е вклучено во реформските агенди за Западен БалканСепак, тој остана на списокот, бидејќи ЕУ тврдеше дека судската одлука се однесува само на претходниот период на санкции и дека Брисел оттогаш ги обновил списоците со нови критериуми.
Пригожина, мајката на починатиот руски олигарх, поранешен шеф на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, минатата година победи во судска битка, но и понатаму е под санкции.
Пригожин, долгогодишен близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа во август 2023 година, два месеци откако Вагнер започна бунт против руското раководство.
Пригожина е уметник и сопственик на уметничка галерија.
Следната фаза за одобрување на санкциите е во март 2025 година.