Најмалку 14 луѓе загинаа по голем број израелски напади врз цели низ Сирија доцна во неделата, објави државната новинска агенција на земјата.
Се наведува дека гаѓан и се пет локации, вклучително и научно-истражувачки центар.
Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје во близина на Мисјаф бил неколку пати погоден.
Се верува дека во него е сместен тим од ирански воени експерти кои се занимаваат со производство на оружје, пишува Би-Би-Си.
Видете и ова: ЦИА и МИ6 заеднички објавија дека работат на враќање на мирот во ГазаСириските државни медиуми исто така објавија дека ударите предизвикале два пожари кои пожарникарите ги гаснат.
Израел обично не ги коментира нападите во Сирија и не го коментираше овој последен напад.
Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, Израел ги засили нападите врз цели на силите поддржани од Иран во Сирија, а исто така ја нападна и воздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.