Министерството за надворешни работи на Украина ги осуди руските избори во окупираниот украински регион Крим, нагласувајќи дека постапката е кршење на меѓународното право.
„Уште еднаш нагласуваме дека резултатите од таканаречените „избори“ на привремено окупираната територија на Автономната Република Крим се безвредни, а самите „избори“ се нелегитимни“, се вели во соопштението на Министерството.
Видете и ова: Русите гласаат на регионални избори со забранети многу од опозициските кандидатиМинистерството додаде дека оние кои се вклучени во „подготовката и одржувањето на таканаречените „избори“ ќе бидат кривично гонети во согласност со сегашното законодавство на Украина.
Од 6 до 8 септември, руските власти во окупираниот регион одржаа гласање за парламентот на Крим, наметнат од Русија, општинскиот законодавен дом на пристанишниот град Севастопол и замениците на локалните совети.
Русија го окупираше регионот во 2014 година.