Русите гласаат за гувернери и регионални законодавци во 83 региони и градови, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербур, но многу опозициски кандидати, забранети од изборните тела, нема да бидат на гласачкото ливче.
Гувернерите ќе се избираат во 21 регион, додека четири региони, вклучувајќи го и незаконски анектираниот Крим во Украина, ќе избираат регионални парламенти.
Групата што ги брани правата на гласачите, Голос, го нарече гласањето „имитација“ на избори, велејќи дека нема вистинска конкуренција.
Според Голос, на 35 отсто од номинираните, вклучително и тројцата кандидати од либералната опозициска партија Јаблоко, им била одбиена регистрацијата. Во некои региони изборите кои започнаа денеска (6 септември) ќе траат три дена.