Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска (6 септември) изјави дека за поканата од рускиот претседател, Владимир Путин, за состанокот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка), ќе донесе одлука на 10 или 15 октомври.
Вучиќ рече дека не сака ништо да одбие или прифати, зборувајќи пред новинарите за време на обиколката на работите за реконструкција на мостот на преминот Каракај на границата со Босна и Херцеговина.
„Нема сомнеж дека тоа е важен повик, како што имаме и претходно закажани важни посети“, рече Вучиќ и додаде дека не може да каже за која посета станува збор, но дека сите ќе видат дека е важна.
Тој додаде и дека е горд на „суштински независната“ политика на Србија.
„Србија е на европскиот пат, но има своја политика и нема да се откаже од традиционалните пријатели, а тука спаѓаат и Кина и Русија. Ќе се обидеме да ги зачуваме тие пријателства како залог за поинаква иднина“, додаде Вучиќ.
Самитот на БРИКС ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град, Казан.
Повик Вучиќ да учествува на овој самит, Путин упати и на состанокот со српскиот вицепремиер Александар Вулин, кој се одржа на маргините на Источно-евроазискиот форум (ЕЕФ) во Владивосток, на 4 септември.
Видете и ова: Вучиќ по поканата од Путин за Самитот на БРИКС: Тогаш ќе има важни гости од странствоВо првиот јавен одговор на таа покана, Вучиќ, на 5 септември, изјави дека Србија ќе има „важни гости од странство“ за време на самитот на БРИКС.
Европската унија (ЕУ) пред средбата меѓу Путин и Вулин излезе со став дека „одржувањето врски со Русија за време на нејзината агресивна војна против Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата и со процесот на пристапување.
Вулин долго време се смета за еден од најсилните поддржувачи на Кремљ меѓу српската владејачка елита.
Србија е меѓу ретките земји во Европа кои одбиваат да се приклучат на меѓународните санкции против Кремљ по руската инвазија на Украина.