Полицајците во Генералниот конзулат на Израел и Центарот за документација на нацистичка Германија во Минхен денеска (5 септември) испукале неколку истрели кон сомнително лице, објави германската полиција.
Во полициска објава на мрежата Х е наведено дека сомнителното лице е застрелано во Каролинеплац. Голем број полицајци се на терен, а вклучен е и полициски хеликоптер.
Видете и ова: Израелските сили убиле локален командант на Хамас во Западниот БрегОбласта каде се случила престрелката е опколена, а од граѓаните е побарано да го избегнуваат центарот на Минхен.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат истрели. Засега нема дополнителни информации за пукањето.