Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот изјави дека добил покана од рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на Самитот на БРИКС во октомври, но најави дека Србија во тој период ќе има важни гости.
„Пред 10-12 дена добив покана да се приклучам на самитот на БРИКС на 23 и 24 октомври. Имаме важни гости од странство за тоа време“, изјави Вучиќ пред новинарите.
Самитот на земјите кои се дел од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) ќе се одржи од 22 до 24 октомври во рускиот град Казан.
Видете и ова: Вучиќ негира дека има блиски врски со Путин и дека Србија е „тројански коњ“ на РусијаПовик Вучиќ да учествува на Самитот на БРИКС, Путин упати и на состанокот со српскиот вицепремиер Александар Вулин кој се одржа на маргините на Источно-евроазискиот форум (ЕЕФ) во Владивосток на 4 септември.
Европската унија (ЕУ) пред средбата меѓу Путин и Вулин излезе со став дека „одржувањето врски со Русија за време на нејзината агресивна војна против Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата и со процесот на пристапување“.
„Европската унија беше кристално јасна со нашите партнери: односите со Русија не можат да бидат нормални по неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина“, порачаа од ЕУ во одговорот до Радио Слободна Европа на 3 септември.
Вулин долго време се смета за еден од најсилните поддржувачи на Кремљ меѓу српската владејачка елита.
Видете и ова: ЕУ ја критикува најавената средба меѓу Вулин и ПутинКон средината на 2023 година, Стејт департментот го стави на списокот санкционирани поради врските со Русија и наводната корупција во периодот кога Вулин беше на чело на Безбедносната разузнавачка агенција (БИА).
Тој се повлече од функцијата во ноември 2023 година, откако се соочи со наводен притисок од Западот.
За вицепремиер на српската влада тој беше избран на почетокот на мај годинава.
Србија е меѓу ретките земји во Европа која одбива да се приклучи на меѓународните санкции против Кремљ наметнати поради руската инвазија на Украина.