Во Појасот Газа успешно е завршена првата фаза од вакцинацијата против полиомиелитис, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Акцијата овозможи речиси 200.000 деца кои се наоѓаат на палестинска територија да ја примат првата доза од вакцината, пренесува Агенцијата Франс Прес (АФП).
Болеста се прошири во Појасот Газа откако повеќето од неговите 2,4 милиони жители беа принудени да ги напуштат своите домови поради израелската воена офанзива започната како одговор на нападот од 7 октомври лани што во Израел го изврши Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ.
Видете и ова: Израел и Хамас договорија примирје заради вакцинација против детска парализа во ГазаВакцинацијата започна благодарение на „хуманитарните паузи“ во војната што беа договорени откако по 25 години во Газа се откри првиот случај на детска парализа во Газа.
СЗО наведува дека целта е да се вакцинираат повеќе од 640.000 деца во Појасот Газа.