Романските пратеници усвоија нацрт-закон за поддршка на донација на ракетен одбранбен систем Патриот за Украина, со 245 гласови „за“ во Домот на пратеници наспроти 29 гласови „против“ и еден воздржан.
Романија, членката на НАТО и на Европската унија (ЕУ), има 649 километри граница со Украина и се соочува со повремени упади на фрагменти од руски беспилотни летала од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина пред 36 месеци.
За донацијата на системот Патриот е потребен и потпис од романскиот претседател Клаус Јоханис и владина одлука за да се спроведе одлуката.
Видете и ова: САД ќе дадат на Украина уште еден ракетен систем ПатриотВо јуни Букурешт објави дека ќе и даде на Украина еден од двата оперативни системи Патриот, под услов сојузниците да го заменат со сличен систем за воздушна одбрана.
Властите во Киев минатата недела побараа од сојузниците да не ја одложуваат испораката на ветениот систем.
„По усвојувањето на законот во Собранието, Владата ќе може да донесе одлука со која ќе профункционира актот за донација“, изјави на 2 септември владиниот портпарол Михаи Константин.
Министерството за одбрана посочи дека ќе испорача еден од седумте системи „Патриот“ во конфигурацијата 3+ што Романија ги купи од САД.