Голем пожар во Мариово

Мариово, село Штавица

Во Мариово беснее пожар кој се ширел во линија долга 20 километри,

Како што соопшти Центарот за Управување со Кризи денеска пожарот ќе се гаси од земја и од воздух.

Видете и ова: Пожар во Расадник, горат дрвја, грмушки и трева

Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен, изјави синоќа Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Пожарот како што соопштија градските власти на Прилеп се глеал од самиот град, но немало опасност по населените места и манастирите во Мариовско.