Пожар избувнал попладнево во Расадникот во општина Кисела Вода и веќе се интервенира за негово гаснење, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, вели во видео изјава директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Видете и ова: Пожарникарите „горат“ на терен за плата, доброволците чекаат дневнициНа терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
„Верувам дека околните објекти ќе бидат навреме заштитени, од едната страна има бензинска станица, а од другата згради, но нема потреба од вознемиреност без оглед на густиот чад што се гледа од поголем дел од градот. Граѓаните нека останат спокојни бидејќи верувам дека пожарникарите набргу ќе го стават под контрола и ќе го изгаснат овој невообичаен пожар. Имаме шумски пожар во градот Скопје“, посочува Ангелов.