Европската унија (ЕУ) ѝ порача на Србија дека одржувањето врски со Русија за време на агресијата против Украина не е компатибилно со вредностите на Унијата и со процесот на пристапување.
Реакцијата на Брисел дојде по најавената средба на српскиот вицепремиер Александар Вулин со рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на економскиот форум што се одржува во Владивосток од 3 до 6 септември.
„Европската унија беше кристално јасна со нашите партнери: односите со Русија не можат да бидат нормални по неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина“, се вели одговорот за Радио Слободна Европа (РСЕ) на 3 септември.
Видете и ова: Средба меѓу Путин и Хурелсух во главниот град на МонголијаОд Брисел велат и дека ЕУ „сака да смета на сите земји кандидати како доверливи европски партнери за заеднички принципи, вредности, безбедност и просперитет“.
Како што соопштија од кабинетот на Путин, рускиот претседател ќе се сретне со Вулин на 4 септември.
Покрај Вулин, Путин истиот ден ќе се сретне и со премиерот на Малезија и со потпретседателот на Кина.