Амбасадорот Аиво Орав, естонски дипломат со повеќе од 30 години национално и европско искуство во дипломатијата и прашањата на Европската унија (ЕУ), на 2 септември ја презеде функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ во Косово, односно специјален претставник на ЕУ.
Орав, кој претходно беше постојан претставник на Естонија во ЕУ и шеф на делегациите на ЕУ во Црна Гора и Северна Македонија, го наследи чешкиот дипломат, амбасадорот Томаш Шунјог.
Орав рече дека со големо задоволство и длабоко чувство на одговорност ја презема функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ во Косово, важен партнер на ЕУ во Западен Балкан, соопшти Канцеларијата на ЕУ во Приштина.
„Ветувам дека ќе работам рамо до рамо со локалните и меѓународните партнери од ЕУ во Косово за подобрување на дипломатските и политичките односи, консолидирање на позицијата на ЕУ како најголем косовски инвеститор, трговски партнер и донатор и поддршка на патот на Косово кон ЕУ и реформите поврзани со ЕУ“, рече тој.
Имајќи ја предвид предизвикувачката геополитичка ситуација, се додава во соопштението, амбасадорот Орав се обврза да го координира присуството на ЕУ на терен, вклучително и ЕУЛЕКС, во промовирањето на стабилно, мирно, демократско и мултиетничко Косово.
„За време на мојот мандат, мојата визија е Косово да постигне одлучувачки напредок на својот пат кон ЕУ, што ќе донесе опипливи придобивки за неговиот народ“, рече амбасадорот.
Видете и ова: Смени на амбасадори и претставници на ЕУ во Западен БалканОрав додаде дека значителна финансиска и техничка помош од ЕУ може да го поддржи Косово во спроведувањето на виталните реформи кои, како што рече, ќе го подобрат квалитетот на животот за сите, особено во областите на владеење на правото, сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, човечкиот права, економија и јавна администрација.
Според него, тука спаѓа и функционирањето на демократските институции, енергетиката, животната средина и законодавството.
Новиот шеф на Канцеларијата на ЕУ во Косово, исто така, изрази подготвеност да придонесе за новата динамика во односите меѓу ЕУ и Косово, за која, како што рече, може да овозможи продолжување на финансиската помош од ЕУ за Косово.
Орав ја презема функцијата во време на обновена ескалација на тензиите во Косово, откако косовските власти затворија пет паралелни српски институции на северот на Косово.
На денот кога Авио Орав ја презеде функцијата, ЕУ повторно ги предупреди косовските власти дека „неуспехот на страните да ги деескалираат тензиите ќе има последици“, а откако паралелните српски институции на северот на Косово беа затворени со помош на косовската полиција.
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, оцени дека ова е „бескорисен, уште еден некоординиран и унилатерален чекор кој има капацитет да ги зголеми тензиите и да доведе до натамошна ескалација на и онака нестабилната ситуација на теренот“.
Видете и ова: ЕУ: Затворањето на паралелните српски институции на Косово ја загрозува безбедностаКосовските власти затворија пет паралелни српски институции на северот на земјата - областа каде што живеат мнозинството Срби - за кои рекоа дека работат под раководство на Србија, „прекршувајќи ја уставноста и законите на Република Косово“.
Затворени се институциите на косовската област Митровица, паралелната општина Митровица, паралелната општина Звечан, паралелната општина Зубин Поток и паралелната општина Лепосавиќ.
Акцијата на 30 август, која ја спроведоа косовските власти, меѓународната заедница ја опиша како еднострана и некоординирана.
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина ја критикуваше ваквата одлука и соопшти дека е „загрижена и разочарана“ од континуираните некоординирани акции на Владата на Косово, кои го одразуваат растечкото влошување на односите меѓу двете земји.