За една недела, нови 131 заболени од Ковид-19

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија (илустрација)

Од 26 август до 1 септември, од вкупно 379 тестирани, регистрирани сe 131 нов позитивен случај на Ковид -19, што претставува намалување од 38,5 отсто во однос на неделата предходно, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 67, Охрид - 15, Тетово - 11 и од Кавадарци - десет. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи се над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица. Во текот на минатата недела, не се пријавени починати лица асоцирани со Ковид-19.

Видете и ова: Заболени од Ковид има, простор за паника засега нема

Податоците покажуваат дека од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Северна Македонија, на 26 февруари 2020 година, а заклучно со вчерашниот ден, пријавени се вкупно 351.708 заболени и 9.995 починати лица од коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1.392 заболени и 16 починати лица.

„Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект, со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица“, се додава во извештајот на Институтот.