Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд - Скопје.
Оттаму дополнуваат дека јавноста ќе биде благовремено известена за евентуални промени во терминот за истиот кривично - правен настан каде претходно се обвинети 4 други лица.
Судскиот процес за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе започне на 4 септември во среда.
Видете и ова: Судењето за Вања и Панче ќе почне на 4 септемвриОсновното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Неодамна беше завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. На 15 мај, првоосомничениот Палевски беше ексдрадиран со авионски лет во Северна Македонија од Турција.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.