Германскиот канцелар Олаф Шолц ги нарече „горчливи“ резултатите од двата регионални избори кои донесоа големи победи за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и загуби за неговата коалиција. Шолц и ги повика главните партии да формираат влади без „десничарски екстремисти “.
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) за првпат победи на регионалните избори во неделата во покраината Тирингија, додека во соседна Саксонија партијата се бори за првото место со Христијанско-демократската унија (ЦДУ), покажуваат излезните анкети, јавува агенцијата Франс Прес (АФП).
АФД освои меѓу 30,5 и 33,5 отсто од гласовите во Тирингија, а меѓу 30 и 31,5 отсто во Саксонија.
Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц забележаа нов изборен пад со рејтинг меѓу 6,5 и 8,5 отсто во овие два региона.
Право на глас имаа околу 3,3 милиони луѓе во Саксонија и речиси 1,7 милиони во Тирингија.
На 22 септември следуваат уште едни избори, овој пат во источната покраина, Бранденбург, која моментално е предводена од социјалдемократите на Шолц.
Следните парламентарни избори во земјата треба да се одржат за околу една година.
Во Германија никогаш по Втората светска војна екстремно десничарска партија не завршила на првото место во ниту една покраина.