Хрватска испрати формално барање до Пентагон за набавка на осум повеќецевни ракетни фрлачи М142 ХИМАРС, системи кои и станаа познати на пошироката јавност преку вестите за војната во Украина.
Вредноста на договорот, кој вклучува и пропратна опрема изнесува 390 милиони долари, пренесува агенцијата Бета.
Овој систем, што Американците и го донираа и на украинската армија, се покажа како многу ефикасен и прецизен во операциите на украинските сили. Една единица од овој систем има модул со шест ракети со калибар 227 мм.
Видете и ова: Русија тврди дека Украина користела американски ракети во КурскХрватската армија со системот ХИМАРС ќе располага со дострел и прецизност каква што нема со сегашните повеќецевни ракетни фрлачи.
Од американска гледна точка, на зајакнувањето на хрватската артилерија се гледа како на поддршка на надворешната и одбранбената политика на САД во контекст на зајакнување на ресурсите на членките на НАТО.
Со купувањето на системот ХИМАРС, Хрватска ќе ги замени повеќецевните фрлачи за ракетите „Град“ со калибар од 122 мм кои се со дострел од 20 километри, потсетува Бета.
Новиот систем ќе има наведувачки проектили од семејството ГМЛРС со минимален дострел од 15 километри кои можат да стигнат до цел оддалечена 92 километри. Високата прецизност се постигнува со инертен систем за навигација кој се коригира со ГПС.
Во информациите на Пентагон за ХИМАРС-ите што ќе и се испорачаат на Хрватска се наведува дека системите ќе го зајакнат потенцијалот на земјата да ги „одврати сегашните и идните закани“ и дека ќе ги поддржат хрватските операции во рамките на НАТО.
Видете и ова: Полска ги доби првите ракетни фрлачи ХИМАРСАмериканците ценат дека предложената продажба на ХИМАРС нема суштински да го промени балансот на силите во регионот, иако со осум борбени оружја Хрватска ќе има голема предност во однос на другите земји кои немаат слични средства или го користат само системот „Град“ со проектили со дострел од 20 километри.
Војската на Србија, на пример, има четири повеќецевни ракетни фрлачи „Оркан“ од 262 мм со дострел до 50 километри, но целата батерија може истовремено да лансира само 12 ракети, само како две еденици од ХИМАРС.