Руските власти ја обвинија Украина дека рано утрово на 1 септември започнала напади со беспилотни летала насочени кон неколку региони во земјата, вклучително и постројки за електрична енергија и рафинерија во регионите на Москва и Твер.
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, кое го пренесува државната новинска агенција ТАСС, 158 беспилотни летала биле уништени од одбранбени системи на Русија. Министерството на Телеграм објави дека најголем број од дроновите, 122, биле соборени над регионите кои граничат со Украина – Курск, Брјанск, Воронеж и Белгород.
Ваквите руски извештаи засега не може самостојно да се потврдат. Досега нема коментар од Украина за обвинувањата.
Видете и ова: Бројот на загинати во рускиот напад во Харкив се искачи на најмалку седум лицаВаквиот напад следува само неколку дена откако енергетската инфраструктура на Украина беше цел на над 200 руски беспилотни летала и проектили, што беше еден од најголемите руски напади од ваков тип.
Исто така, нападот се случува и по речиси еден месец откако Украина започна офанзива во руската област Курск, додека од другата страна се наведува дека руските трупи напредуваат во источна Украина, особено во регионот на Доњецк.
Киев бара од Вашингтон да ги укине ограничувањата за користење на оружјето кое му го испорачуваат западните сојузници, а со цел да може да го користи за да нападне длабоко во територијата на Русија. Киев тврди дека таквите напади во голема мера ќе ја попречат способноста на Москва да продолжи со нападите врз Украина.
Високите функционери од тимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела беа во Вашингтон, апелирајќи до САД за, како што рече Зеленски, да им се овозможи вистина и целосна заштита на земјата.
За денешниот напад, според новинскиот канал База на Телеграм, биле пријавени силни експлозии во близина на електраната Конаково во регионот Твер. Електраната е еден од најголемите регионални производители на енергија и важи за блиска до руските безбедносни служби.
Според регионалниот руски гувернер, Игор Руденја, уништени се пет беспилотни летала над регионот Твер. Тој не спомна дали има штета.
Видете и ова: Вучиќ негира дека има блиски врски со Путин и дека Србија е „тројански коњ“ на РусијаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, изјави дека дрон лансиран од Украина е уништен во близина на Московската нафтена рафинерија. Тој тврди дека нема штета или закана за производствениот процес на рафинеријата.
Рафинеријата е во сопственост на Гаспром Нефт, нафтениот огранок на рускиот гасен гигант Газпром.
Покрај овој дрон, градоначалникот посочува и оти најмалку девет беспилотни летала се уништени во Москва и во околниот регион.
Исто така, Украина наводно се обидела со три беспилотни летала да ја нападне електраната Кашира во регионот на Москва, посочи на Телеграм Михаил Шувалов, шеф на градската област Кашир.
Нема пожар, штета или жртви како резултат на овој напад, рече тој.
Над пограничниот регион Брајнск во југозападна Рузија, пак, според гувернерот Александар Богомаз, уништени се околу 26 дронови.
Видете и ова: Кремљ не е загрижен за посетата на Путин на МонголијаПовеќе од 10 беспилотни летала се соборени над регионот Воронеж, а неколку и над регионите Курск, Липецк, Рјазан и Тула, изјавија гувернерите на овие региони, пренесе Ројтерс.
Нема информации за повредени или материјална штета како резултат на нападите. Русија ретко го открива целосниот обем на штетата предизвикана од украинските воздушни напади.