Скопје од понеделник (2 септември) кога почнува и новата учебна година, се очекува да биде со редуциран градски превоз.
Приватните превозници најавуваат дека ќе возат само една линија наутро, додека на градското Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) му недостигаат автобуси за да може да го покрие зимскиот возен ред којшто почнува од понеделник.
Приватните превозници појаснуваат дека ќе пуштат само по еден автобус на една линија и бараат да им се исплати долгот од градските власти. Исто така, бараат да се зголеми и цената која, како што посочуваат, е од пред осум години, поточно од 2017 година.
Видете и ова: ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Зелен хуман град против проектот за БРТЈСП, пак, веќе извесен период е во фокусот на јавноста поради хаотичниот градски сообраќај, недостатокот и лошата состојба на автобусите и непочитувањето на возниот ред.
Директорот на ова скопско претпријатие, Драги Кушовски во интервју за МИА дадено претходно овој месец, изјави дека немаат доволен број автобуси односно недостигаат 40-тина за да се пополни летниот возен ред, а камоли за зимскиот, и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.
На 22 август се одржа и средба помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и советничките групи во Советот на Град Скопје, по што беше договорено да се поддржи пренамена на пари за да се сервисираат и стават во функција 30-тина расипани автобуси.
Досега, нема информација дали тие ќе бидат репарирани и пуштени во сообраќај од понеделник, ниту како ЈСП планира да го исполни возниот ред.
Видете и ова: Скопскиот градски превоз ќе чека подобри времиња со нова локална власт?Пред два дена (на 29 август) Советот на Град Скопје не ги изгласа проектите за набавка на нови автобуси и за реализација на Брз автобуски превоз (БРТ). Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се противеа бидејќи Арсовска во предлогот не навела сума што планира да се потроши за нови автобуси. Градоначалничката им понуди и сами да одредат колку пари да се потрошат, а вчера испрати и отворено писмо до Владата во кое го повика премиерот Христијан Мицкоски да ја спроведе набавката на новите автобуси, а доколку немаат пари изрази подготвеност Град Скопје да ги префрли на наменска сметка.
Од Владата, пак, и одговорија дека на скопјани им е потребно брзо решение, додека набавката на нови автобуси би траела година до година и пол.
Инаку, предлогот за купување нови автобуси се наоѓа пред советниците на Град Скопје подолг период и досега 20-тина пати беше на дневен ред, но не можеше да биде изгласа, главно поради забелешки од ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска стана градоначалничка на Скопје на изборите во октомври 2021 година со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа патиштата им се разидоа уште во првата година од мандатот.