Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши командантот на воздушните сили на земјата на 30 август.
Овој потег дојде еден ден откако Киев соопшти дека се урнал борбен авион Ф-16 од американско производство, при што загинал пилотот.
Зеленски објави декрет за смена на Микола Олешчук од таа позиција, велејќи дека тој ја донел одлуката да го „зајакне“ украинското воено раководство.
Генералштабот на вооружените сили на Украина на 29 август потврди дека борбен авион Ф-16 се урнал при одбивање руски ракетен и напад со беспилотни летала на територијата на Украина.
Видете и ова: Шест загинати и десетици ранети во руски напад на ХаркивОлешук беше назначен за командант на воздухопловните сили на 9 август 2021 година, заменувајќи го Серхиј Дроздов.
Во меѓувреме, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го засилува притисокот врз западните сојузници на Украина да ги укинат ограничувањата за нејзината употреба на оружје, со оценка дека таа има право да ги таргетира местата од кои била нападната.
Апсурдно е да се каже дека дозволувањето цели на територијата на Русија значи да се води војна директно против Москва, рече Борел на 30 август во Брисел, пред вториот ден од неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ.
„Никој не сака војна со Русија, но ставете се во кожата на Украинците: Русите ве бомбардираат од место до кое не можете да стигнете. Би сакале да се борите со еднакви шанси“, рече Борел.
Видете и ова: Министрите за одбрана на ЕУ дебатираат за обука на украински војници во УкраинаА за да може Украина да го направи тоа, треба да може да ги таргетира местата од каде Русија ги започнува своите напади, додаде тој.
Украинските власти, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, постојано ги повикува сојузниците на Украина да и дозволат да нападне воени цели длабоко во Русија, со оружје обезбедено од Западот.
Тие велат дека и покрај новите испораки на оружје, нивните вооружени сили остануваат во неповолна положба, бидејќи западните ограничувања ја спречуваат Украина да користи оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.