Министрите за одбрана на ЕУ на 30 август во Брисел разговараа за тековната операција на Европската унија за обука на украинските војници, за да ја бранат нивната земја од сеопфатната инвазија од страна на Русија.
Треба да се дебатира планот за преместување на некои од операциите за обука на ЕУ во Украина.
Видете и ова: Борел ги повика сојузниците на Украина да ги олеснат ограничувањата за употреба на оружјеВо моментов обуката се одвива во Германија и Полска.
Мисијата за обука започна во ноември 2022 година.
Досега 52.000 украински војници се обучени според бројките на ЕУ од мај.
ЕУ сака да обучи уште 60.000 украински војници до крајот на летото 2024 година.