Израелските сили убиле локален командант на Хамас во Западниот Брег

Палестинци ја прегледуваат оштетената куќа по нападот на израелската војска во Тулкарм на Западниот Брег окупиран од Израел, 29 август 2024 година.

Израелските сили убија локален командант на исламистичкото движење Хамас во петокот во градот Џенин, за време на третиот ден од нивната голема операција на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската војска.

Тие велат дека силите на Граничната полиција го убиле Васем Хазем, шефот на Хамас во Џенин, за кој велат дека учествувал во пукотници и бомбашки напади на палестинска територија, пренесува Ројтерс.

Другите двајца вооружени напаѓачи на Хамас, кои се обиделе да побегнат од автомобилот во кој патувале тројцата, биле убиени со дрон, според израелските власти, кои додаваат дека во возилото било пронајдено оружје, експлозиви и големи суми пари.

Хамас ја потврди смртта на сите тројца мажи, за кои рече дека биле членови на неговото вооружено крило, бригадите Ал-Касам.

Видете и ова: Израел и Хамас договорија примирје заради вакцинација против детска парализа во Газа

Во селото Забабдех, недалеку од Џенин, запален автомобил преполн со дупки од куршуми се потпира на ѕидот каде што возилото застанало откако го бркала единицата на израелските специјални сили, велат локалните жители.

Инцидентот се случува кога израелските сили продолжуваат со големата операција во која учествуваат стотици војници и полицајци, започната во средата во Џенин и Тулкарм, уште еден нестабилен град на северниот дел на Западниот Брег, како и во долината Јордан.

Израелски оклопни транспортери, поддржани од хеликоптери и беспилотни летала, напредуваа во Џенин и Тулкарм во петокот додека оклопните булдожери ги ораа патиштата за да ги уништат бомбите покрај патиштата поставени од милитантните групи.

Ескалацијата на непријателствата на Западниот Брег доаѓа додека борбите меѓу израелските сили и милитантите на Хамас продолжуваат да беснеат во Појасот Газа, речиси 11 месеци по почетокот, а судирите со движењето Хезболах поддржано од Иран се интензивираа во пограничниот регион меѓу Израел и Либан.