Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека Владата донела нов закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево-Охрид, кој следната недела треба го усвои Собранието и дека со него ќе биде решен „еден од основните проблеми за реализација„ на автопатот.
„Очекувам напролет да се вози по одредени делници, а до крајот на 2026 година конечно да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид“, рече Николоски.
Тој додаде дека законските иамени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.
„Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 километри од местото каде што е произведен, што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт“, рече Николоски.
Видете и ова: Владата одреди нов рок за изградба на автопатот Кичево-Охрид, цената останува 598 милиони евра
„Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат“, додаде тој. .
Тој истакна дека се решаваат и наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса, како и со свлечиштата.
Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година.
Вредноста на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите достигна 598 милиони евра.
Со законски дополнувања во април годинава се овозможи да се склучи шестиот анекс на Договорот со кој се пролонгираше рокот на изградбата до крајот на 2026 година.