Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го засилува притисокот врз западните сојузници на Украина да ги укинат ограничувањата за нејзината употреба на оружје, истовремено оценувајќи дека има право да таргетира места од кои е нападната.
Апсурдно е да се каже дека дозволувањето на цели на територијата на Русија значи да се води војна директно против Москва, рече Борељ на 30 август во Брисел, пред вториот ден од неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ.
„Никој не сака војна со Русија, но ставете се во кожата на Украинците: Русите ве бомбардираат од место до кое не можете да стигнете. Би сакале да се борите со еднакви шанси“, рече Борел.
А за да може Украина да го направи тоа, треба да може да ги таргетира местата од каде Русија ги започнува своите напади, додаде тој.
Видете и ова: Русија спроведува напад во обид да освои стратешки украински градУкраинските власти, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, постојано ги повикаа сојузниците на Украина да ѝ дозволат да нападне воени цели длабоко во Русија, со оружје обезбедено од Западот.
Тие велат дека и покрај новите испораки на оружје, нивните вооружени сили остануваат во неповолна положба, бидејќи западните ограничувања ја спречуваат Украина да користи оружје со долг дострел за напади длабоко во руската територија.
„Долгорочната безбедност за Европа започнува со краткорочни, храбри одлуки за Украина“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за новинарите во Брисел на 29 август.
На почетокот на овој месец, Украина започна упад на руска територија, а Зеленски рече дека Русија „мора да почувствува што направила“.
Во последниве денови, Русија одговори со некои од најжестоките ракетни и беспилотни напади врз градовите и критичната цивилна инфраструктура низ Украина.
Генералштабот на вооружените сили на Украина на 29 август потврди дека борбен авион Ф-16 обезбеден од Западот се урнал додека одбивал руски ракетен напад и нивните беспилотни летала.