Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе ја посети Монголија, која е членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), соопшти Кремљ на 29 август.
МКС издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година.
Видете и ова: Русија отвори истрага против поранешниот заменик министер за одбрана за измамаНалогот за апсење е поради обвинувања дека рускиот претседател дека е одговорен за илегалната депортација на деца од Украина, што претставува воено злосторство.
„На покана на претседателот на Монголија Ухнаа Курелсух, на 3 септември 2024 година рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во официјална посета на Монголија за да учествува на свечените настани посветени на 85-годишнината од заедничката победа на советските и монголските сили над јапонските милитаристи на реката Калхин Гол“, соопшти Кремљ.