Временска прогноза - преку ден сончево, попладне дожд

Илустрација

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе достигне од 28 до 35 целзиусови степени.

Видете и ова: Временска прогноза - сончево и многу топло време

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена и со слаб до умерен ветер одсеверен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 целсиусови степени.

Утрово најниска температура е измерена во Лазарополе од 11 целзиусови степени, а највисоки 23 степени се измерени во Скопје - Зајчев Рид.