Премиерот Христијан Мицкоски убедува дека неговата Влада е за одблокирање на евроитеграциските процеси но од другата страна треба да се има партнер со кој ќе може да се комуницира. Споредн его во Бугарија на 27 октомври се закажани избори, до тогаш тие имаат техничка влада.
„После тоа се надевам дека ќе има политичка влада и се надевам дека со таа политичка влада ќе можеме да седнеме на маса и да најдеме заедничко решение со кое конечно ќе се тргне децениската блокада која ја имаме како држава во евроитегративниот процес“, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека нивниот став е принципиелен – за се треба двонасочна улица.
Прашан дали има други креативни решенија доколку Бугарија не сака да репреговара за уставните измени, Мицкоски рече дека треба да почекаме да се избере политичка влада во Бугарија и да се отвори дијалог со нив.
„ Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас ако сакаме да имаме една целина како Балкан која ќе биде дел од Европската Унија. Убеден сум дека таму има политичари кои тоа сакаат да го видат, потенцира Мицкоски.
Видете и ова: Историската комисија со Бугарија со нови луѓе ќе се справува со стари политички проблемиТој потсети дека граѓаните кај нас се соочија со барања и понижувања како ниедни други граѓани кои се дел од сите земји кои порано беа дел од источниот блок кога пристапуваа кон членството во Европската Унија.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани истакна дека уставните измени беа тема за која беше разговарано во текот на формирањето на Владата и додаде дека тоа се правеше без да биде ставена на маса како ултиматум, туку како грижа за да се забрза интеграцијата на земјава во Европската Унија.
Сметам дека за проблемот на уставните измени, кој не зависи само од нас, ќе се најде решение кое дефинитивно ќе го одблокира патот на земјава кон Европската Унија, потенцира Муртезани