По примерот на САД и Европската унија, Канада во понеделникот објави дека ќе воведе царина од 100 отсто за увоз на кинески електрични возила и најави царина од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум од Кина.
Тарифите важат за сите електрични возила што се испорачуваат од Кина, вклучително и оние произведени во земјата од американската компанија Тесла, изјави претставник на канадската влада. По таа објава, вредноста на акциите на највредниот светски производител на автомобили падна за 3,2 отсто.
Канадскиот увоз на автомобили од Кина преку нејзиното најголемо пристаниште, Ванкувер, скокна за 460 отсто во 2023 година во споредба со претходната година, бидејќи Тесла почна да испорачува електрични возила произведени во Шангај во Канада, рече премиерот Џастин Трудо.
„Мислам дека сите знаеме дека Кина не игра според истите правила“, им рече тој на новинарите.
Видете и ова: Италија и Кина потпишаа план за индустрија за електрични возилаТарифите ќе се воведат од 1 октомври. САД и ЕУ веќе ги зголемија тарифите за кинеските електрични возила од 100 проценти и 38 проценти.
„Она што е важно за ова е тоа што го правиме на линија и паралелно со другите економии ширум светот“, рече Трудо.
Кинеската амбасада во Канада го нарече потегот „протекционистички“ и ја обвини Канада дека ги игнорира правилата на Светската трговска организација (СТО).
„Кина ја повикува Канада да ги почитува објективните факти, да ги почитува правилата на СТО, веднаш да ги исправи своите погрешни практики и да се воздржи од политизирање на економските и трговските прашања“, соопшти кинеската амбасада.
Канада ќе продолжи да работи со САД и другите сојузници за да се осигура дека потрошувачите ширум светот нема да бидат неправедно казнети од антипазарните практики од земји како Кина, рече Трудо.
Тој рече дека Канада размислува за дополнителни казнени мерки како што се тарифите за чипови и соларни ќелии.