Притворот на Павел Дуров, ко-основачот и извршен директор на апликацијата Телеграм, роден во Русија, повторно е продолжен до 28 август, изјави извор за новинската агенција АФП.
Дуров беше приведен на аеродромот Ле Бурже надвор од Париз на 24 август и задржан на сослушување.
Француската OFMIN, канцеларија задолжена за спречување насилство врз малолетници, наводно издаде налог за апсење на Дуров во прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, сајбер-малтретирање, организиран криминал и промовирање тероризам.
Според француското законодавство, по 96 часа Дуров мора или да биде ослободен или да биде обвинет.
Видете и ова: Темната страна на ТелеграмПретходно, на 25 август од компанијата по апсењето на основачот на социјалната платформа Телеграм, Павел Дуров во Франција, соопштија дека е во согласност со законите на ЕУ и дека не прекршила ниту една регулатива.
На рускиот канал на социјлната платформа Телеграм, познат како База, преку кој комунициираат руските безбедносни сили, е објавено дека на вработените во претседателската администрација и во руската влада, како и на вработените во некои безбедносни агенции, им е наложено да ја избришат работната кореспонденција од Телеграм.
Слична наредба наводно добиле и високи функционери на руското Министерство за одбрана и некои големи бизнисмени. Наредбата е поврзана со притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров во Франција.