Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Илистрација - Полиција, полициска СТОП лента

Во сообраќајна несреќа во Грција загина македонски државјанин. Станува збор за судир на два автомобили во северниот дел на Грција, при што загинал 55 годишен маж, јавува новинската агенција МИА.

На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што била констатирана смрт.

Вториот автомобил бил управуван од 44 годишна жена, при што таа, две тригодишни девојчиња и 38 годишен маж се пренесени во болница. Причините за несреќата засега не се познати, а започната е предистрага.

Видете и ова: Обвинителството поднесе жалба на пресудата за несреќата кај Ласкарци


Од противпожарната служба на Грција соопштија дека осум пожарникари со четири возила интервенирале за извлекување на маж во безживотна состојба и повредена жена од две возила по сообраќајна несреќа во близина на Неа Санта.