Руски власти наводно наредиле бришење на пораки од Телеграм

На рускиот канал на социјлната платформа Телеграм, познат како База, преку кој комунициираат руските безбедносни сили, е објавено дека на вработените во претседателската администрација и во руската влада, како и на вработените во некои безбедносни агенции, им е наложено да ја избришат работната кореспонденција од Телеграм.

Слична наредба наводно добиле и високи функционери на руското Министерство за одбрана и некои големи бизнисмени. Наредбата е поврзана со притворот на основачот на Телеграм, Павел Дуров во Франција.

Видете и ова: Телеграм негира дека ги прекршил законите на ЕУ по апсењето на основачот Дуров во Франција

Претходно, на 25 август од компанијата по апсењето на основачот на социјалната платформа Телеграм, Павел Дуров во Франција, соопштија дека е во согласност со законите на ЕУ и дека не прекршила ниту една регулатива.

Дуров беше приведен во полиција на аеродромот Ле Бурже на 24 август вечерта по неговото пристигнување од Азербејџан поради пред истрага за недостиг на соработка на Телеграм со органите на прогонот во врска со трговијата со дрога и други прекршоци.

„Апсурдно е да се тврди дека платформа или неговиот сопственик е одговорен за злоупотреба на таа платформа“, се вели во соопштението на компанијата која раководи со Телеграм.

Француските правосудни власти му го продолжија притворот на Дуров на 25 август.