Украина е под воздушна тревога поради руските напади врз Киев со беспилотни летала

Во 16 региони низ Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев, беше прогласена тревога за воздушен напад откако Русија денеска започна напади со беспилотни летала.

Воената управа на градот Киев соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 10 беспилотни летала Шахед, објави украинскиот сервис Радио Слободна Европа.

Командата на украинските воздухопловни сили ги предупреди граѓаните да не ги игнорираат предупредувањата за воздушен напад, откако соопшти дека открила 11 руски бомбардери Ту-95МС како полетуваат.

Ќе ве предупредиме во случај на закана или лансирање проектил“, се наведува во пораката.

Воздухопловната команда додаде дека открила движење на беспилотни летала во Чернихив, Шумију, Черкаси, Миколаив, Харков и Киев.

Засега нема извештаи за штети или жртви.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

РСЕ во руските места освоени од украинските сили


Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа биле уништени 20 украински беспилотни летала.

Гувернерот на руската област Саратов, Роман Бусаргин, изјави дека беспилотни летала ги нападнале градовите Саратов и Енгелс и оштетиле две станбени згради.

Тој рече дека штетата настанала поради паѓање на делови од беспилотните летала откако биле урнати од противвоздушната одбрана.

Руските новински агенции јавија дека четири жени се повредени во Саратов, а една жена е хоспитализирана. Во Енгелс нема пријавени жртви.

Енгелс и Саратов се наоѓаат на спротивните брегови на реката Волга. Воената база со стратешки бомбардери e на околу 12 километри од местото каде што биле пресретнати беспилотните летала. Саратов е на околу 900 километри од украинската граница.

Руските новински агенции ,исто така, објавија дека летовите на цивилните авиони се ограничени на регионалниот аеродром во Саратов.

РСЕ не можеше независно да ги потврди овие наводи.

Украина и Русија инсистираат на тоа дека нападите не се насочени кон цивили, туку инфраструктура која е од клучно значење за остварување на нивните воените цели.