Израел пресретнува ракети на Хезболах и го бомбардира јужен Либан

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Сирените за воздушен напад се огласија во северен Израел и се слушнаа експлозии додека израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ уриваше проектили истрелани од Либан изутрината на 25 август. Дури и пред да бидат лансирани ракетите, Израел најави напади врз ракетните фрлачи на Хезболах, велејќи дека го открил планот на Хезболах за напад. Чад беше забележан и додека израелските борбени авиони бомбардираа локации во јужен Либан. Израелската војска ги предупреди цивилите во областа да избегнуваат локации на кои дејствува Хезболах.