Израел изврши серија интензивни воздушни напади во јужен Либан на 25 август во, како што соопшти, превентивен напад против милитантната група Хезболах, заканувајќи се дека ќе предизвика поширока регионална војна што може да ги торпедира напорите за воспоставување примирје во Газа, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Израелската војска соопшти дека нападнала затоа што Хезболах планирал да лансира голем налет ракети и проектили кон Израел. Набргу потоа, Хезболах објави дека почнал напад врз израелските воени позиции како првичен одговор на убиството на Фуад Шукур, еден од неговите основачи, во израелски воздушен напад во Бејрут минатиот месец, пренесе АП.
Најмалку три лица загинаа во нападите врз Либан, додека нема извештаи за жртви во Израел. Ситуацијата останува напната.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Американските и арапските посредници се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот во 10-месечната војна Израел-Хамас во Газа, надевајќи се дека ќе спречат поширока ескалација, а нападите се случија додека Египет е домаќин на нова рунда разговори.
Хезболах соопшти дека ќе ги прекине борбите доколку дојде до прекин на огнот во Газа. Иран ги поддржува двете групи, како и милитантите во Сирија, Ирак и Јемен кои би можеле да се приклучат на кој било поголем конфликт.
Видете и ова: Израел уби командант на Фатах обвинет за „терористички напади“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, говорејќи на почетокот на состанокот на владата, рече дека војската елиминирала „илјадници ракети кои биле насочени кон северен Израел“ и ги повика граѓаните да се придржуваат до директивите од командата на Домашниот фронт.
„Ние сме решени да направиме се за да ја одбраниме нашата земја, да ги вратиме жителите на северот безбедно во нивните домови и да продолжиме да го почитуваме едноставното правило: Кој и да ни наштети - ние ќе им наштетиме“, рече Нетанјаху.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Шон Савет, изјави дека американскиот претседател Џо Бајден „внимателно ги следи настаните во Израел и Либан“, пренесе АП.
„Според неговите упатства, високи американски функционери континуирано комуницираат со нивните израелски колеги. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме правото на Израел да се брани и ќе продолжиме да работиме за регионалната стабилност“, рече Савет.
Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал со неговиот израелски колега Јоав Галант за одбраната на Израел од Хезболах.
„Остин ја потврди цврстата посветеност на Соединетите Држави да го бранат Израел од какви било напади од Иран и од неговите регионални партнери и посредници“, се вели во соопштението.
Во последниве недели, дипломати од САД и од европските земји повеќепати ги посетија Израел и Либан во обид да ја намалат ескалацијата за која стравуваат дека може да прерасне во регионална војна.
Хезболах секогдневно го напаѓа Израел од октомври минатата година и почетокот на војната Газа меѓу Израел и Хамас, организација која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација.