Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде од 12 до 20 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 30 до 38 целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 37 целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
„Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање“, соопштија од УХМР.