Германската полиција приведе едно лице во врска со нападот со нож на фестивал во градот Солинген вечерта на 23 август, при што загинаа три лица, а уште осум лица беа повредени, пренесе агенцијата Ројтерс.
Германската полиција соопшти дека истражува дали приведениот има можна поврзаност со нападот.
Видете и ова: Тројца убиени во напад со нож на фестивал во Германија, полицијата трага по напаѓачотАгенцијата АП пренесе дека уапсениот е 15-годишно момче.
Полицијата соопшти дека тој бил осомничен дека знаел за планираниот напад и не ги известил властите, но тој не бил напаѓачот. Одделот за антитероризам на јавното обвинителство на прес-конференција соопшти дека властите не го пронашле сторителот и дека тероризмот е можен мотив.
Нападот се случи на фестивалот по повод 650 годишнината од Солинген во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената германска покраина, која граничи со Холандија.
Германските власти ги откажаа останатите настани за викендот.
Фаталните прободувања и пукања се релативно ретки во Германија. Владата претходно овој месец рече дека сака да ги заостри правилата за ножевите што може да се носат во јавност со намалување на максималната дозволена должина.