Денеска (23 август) САД објавија нов пакет санкции против речиси 400 поединци и компании поврзани со руската инвазија на Украина.
Ваквиот чекор од американското Министерство за финансии и трговија, како и од Стејт департментот, е дополнување на веќе постоечките санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, која трае две и пол години.
„Русија ја претвори својата економија во алатка во служба на воено-индустрискиот комплекс на Кремљ“, се вели во соопштението на американскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо.
Видете и ова: Смртоносните моменти во 25-те години владеење на Владимир ПутинТој додава дека со ова Министерството за финансии продолжува да ги спроведува ветувањата на претседателот Џо Бајден и неговите колеги од земјите од Г7 за сузбивање на синџирите на снабдување на руската воено-индустриска база, како и каналите за плаќања.
Санкциите на Министерството за финансии се воведени на речиси 400 поединци и ентитети во и надвор од Русија, „чии производи и услуги ѝ дозволуваат на Русија да ги одржи своите воени напори и да избегне санкции“, се вели во соопштението.
Видете и ова: САД најавија помош за Украина до 1,7 милијарди долариМеѓу санкционираните се и 60 фирми од одбранбениот и технолошкиот сектор со седиште во Русија, кои се „клучни за одржување и развој на руската одбранбена индустрија“.
Покрај санкциите објавени во петокот, американското Министерство за трговија соопшти дека презема „агресивни дејствија“ за дополнително да го ограничи снабдувањето на Русија и Белорусија со стоки произведени во САД.
Во соопштението оттаму наведуваат оти со новите санкции „дополнително ќе се ограничи способноста на Русија да ја вооружува својата војска“.