Русија издаде налог за апсење на продуцентка на Јутјуб канал на Навални

Навални на снимка за време на неговото појавување пред судот во Москва во јануари 2021 г.

Судот во Москва денеска (23 август) издаде налог за апсење на Нина Волохонскаја, продуцентка на Јутјуб каналот „Навални LIVE“.

Волохонскаја во моментов е надвор од Русија. На средината на август, руските власти го ставија нејзиното име на листата со лица по кои се трага поради наводно учество во активности на екстремистичка група.

Во јули 2021 година, организациите и проектите на покојниот руски опозициски политичар Алексеј Навални беа означени како екстремистички и забранети во Русија.

Видете и ова: Продолжен притворот на адвокатите на Навални до судењето за обвиненијата за екстремизам

Доколку биде уапсена и осудена, на Волохонскаја и се заканува затворска казна до шест години.

Отворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, почина во февруари годинава во затвор на Арктикот. Неговите соработници и поддржувачи го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин за неговата смрт.